Претседателот на САД Доналд Трамп му пиша писмо на првиот човек на Косово Хашим Тачи. Во писмото Трамп нагласува дека го поддржува дијалогот меѓу двете страни и дека ова е единствена прилика да се дојде до трајно решение.

Подготвени сме да би помогнеме во напорите да постигнете решение кое ќе ги уважува интересите на Косово и на Србија. Таквото решение е на дофат. Ќе ми биде драго да ве угостам со претседателот Вучиќ во Белата куќа и да го прославиме она што би били исторски договор-се наведува во писмото од Трамп.