Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ проговори за животот во поранешна Југославија кога таа била студентка.

Таа вели дека животот не бил лесен но оти претседателот Тито бил инетелегентен човек кој допуштил луѓето да излегуваат од земјата кога видел дека целата работа се распаѓа.

Се разбира дека можевте да излезете од Југославија со тој црвен пасош. Но, мене не ме прати Тито во Америка, туку татко ми кој беше месар и кој прваво работеше за да заработи да ме прати на школување.