Кипар од денеска ќе ги отвори границите за туристите кои се вакцинирани од 65 земји во Светот, но една од вакцините нема да биде прифатена. Станува збор за кинеската вакцина.
„Кипар ќе ги признае сите вакцини освен кинеските, а алтернатива е ПЦР тест“, објасни Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристичките агенции во Србија.
На сајтот на министерството за надворешни работи, патниците кои поседуваат сертификат за вакцинирање, на територијата на Кипар нема да мора да имаат дополнително ПЦР тестирање по доаѓањето во земјата, а единствен услов е да има пројдено одреден број на денови од последната примена доза на вакцина и датумот на патување и тоа: вакцината од Џонсон и Џонсон 14 дена, Модерна 14 дена, Фајзер 7 дена, Астра Зенека 7 дена.
Патниците кои ја примиле таа вакцина, и оминало одреденото време, може да влезат во земјата без ПЦР тест и карантин.
Comments are closed for this post.