Поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во својата нова книга лидерот на УЧК Хашим Тачи го опишува како од романтичен роман.

-Црната коса од младоста ја замени со сива грива, а белите влакна се резултат на војна и стареење – напиша Ештон.

Насловот на шестото поглавје во книгата  е „Западен Балкан: дијалог меѓу Србија и Косово“.

Според Ештон, на барање на Приштина било воведено ниту една страна да не го блокира патот на другата кон членство во меѓународните организации.

 

Вучиќ и Дачиќ веднаш го отфрлиле со образложение дека се работи за признавање на Косово како држава и дека тоа е ново прашање вклучено во разговорите.

„Направивме грешка“, признава Ештон во книгата  и објаснува дека Вучиќ предложил таа реченица да се смени и да гласи „ниту една страна не смее да го попречува патот на другата кон Европската унија“.