Денеска е денот по кој ќе биде познато дали Косово ќе биде примено во Советот на Европа..Непознато е како Македонија ќе гласа за ова прашање.
Министрите на Советот на Европа денеска ќе го разгледаат извештајот на Дора Бакојани, главниот известувач за прием на Косово во Советот на Европа.
Малкумина знаат каква организација е Советот на Европа и ја мешаат со ЕУ. Седиштето на оваа најстара организација е во Стразбур.
Советот на Европа е меѓународна организација од 46 европски држави кои ја потпишале Европската конвенција за човекови права, односно договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Европскиот суд за човекови права во Стразбур го надгледува спроведувањето на таа конвенција во земјите членки, што значи дека граѓаните на земја која не е членка на Советот на Европа не можат да се обратат за помош до тој суд.
Откако е основан на 5 мај 1949 година, Советот на Европа ги собра сите европски држави освен Белорусија, која никогаш не била членка.
Русија повеќе не е членка на СЕ, бидејќи беше исфрлена од организацијата по почетокот на војната во Украина, додека Азербејџан беше суспендиран на почетокот на оваа година, меѓу другото, поради „недостигот на слободни и фер избори.
Comments are closed for this post.