На денешен ден пред точно 30 години, Советот за безбедност на Обединетите нации воведе санкции за тогашната Сојузна Република Југославија.

На 30 мај 1992 година, Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 757, со која се воведоа невидени санкции за тогашната СР Југославија, како главен виновник за војната во БиХ.
Непосредна причина за воведување санкции на Сојузна Република Југославија беше масакрот на цивилите во редот за леб во улицата Васе Мискина, во центарот на Сараево, за што веднаш беа обвинети Србите од БиХ.

Санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации го забрануваат не само извозот, туку и транзитот на стоки, како и трансферот на средства.

Па така имаше хипер инфлација. Еден леб чинеше сто милиони динари, кајмак две милијарди, едно јајце 70 милиони динари а пак кромид 1,8 милијарди.