Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ нагласува дека дел од меѓународната заедница бара српската опозиција да учествува на изборите, затоа што „знаат дека одлуката на Белград за Косово“ не би била легитимна доколку биде донесена од институции избрани врз основа на избори што опозицијата би ги бојкотирала.
-Единствената цел на изборите пролетта 2020 година е да се даде легитимитет на признавањето на Вучиќ на Косово како независна држава. Бојкотот е единствен начин да се расипе тој план. Ќе направат апсолутно сè за да нè натераат да гласаме на однапред наместени избори. Но ако останеме единствени и не подлегнеме на притисоци и ако истраеме во бојкотот, употребната вредност на Вучиќ ќе стане многу мала во очите на оние што го доведоа на власт, кажа Јеремиќ.
Comments are closed for this post.