Во рамките на истрагата против Хантер Бајден, синот на Џо Бајден, Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ги проверува и неговите врски со Вук Јеремиќ, поранешен претседател на Генералното Собрание на ОН, објави „Информер.рс“.
Лидерот на Народната партија Вук Јеремиќ е вмешан во голем корупциски скандал во САД, кој го истражува Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес!
Осомничениот Хантер Бајден, син на американскиот претседател, директно комуницирал со Јеремиќ, покажа истрагата.
Јеремиќ побарал помош од Бајден за да дојде до функцијата генерален секретар на Обединетите нации, а за возврат му понудил милионски зделки со кинески бизнисмени!?!
Документите и мејловите пронајдени во лаптопот на Хантер Бајден ги објави порталот „Вашингтон Фри Бикон“ во текст со наслов „Хантер Бајден побара од главниот помошник на неговиот татко во Белата куќа да помогне во кампањата на српски функционер за шеф на ОН“.
Хантер Бајден, според „Free Beacon“, организирал состанок во јули 2016 година за Вук Јеремиќ и Колин Кал, кој како функционер во Пентагон бил советник за национална безбедност на американскиот потпретседател Џо Бајден, таткото на Хантер.
Comments are closed for this post.