Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој попладнево во Париз ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во интервју за францускиот весник Фигаро вели дека има намера да ја сврти страната на десетгодишна криза, јави МИА.
Грчкиот премиер во ова интервју за Фигаро воопшто не зборува за односите со Македонија и европските перспективи на Западен Балкан.
Во однос на миграциската политика Мицотакис најави промена на грчката национална политика.
Иако не зборуваше за Македонја, Мицотакис, не го прескокна „турското прашање“. Тој во интервјуто се осврнува и на односите на Грција со Турција потенцирајќи дека Атина се залага за „мирен соживот врз основа на правилата за добрососедство и меѓународното право.
– Тоа е камен темелник на нашата надворешна политика. Ова ги засега сите и секако Турција, која е важен сосед и партнер на НАТО. Со нетрпение очекуваме да работиме со претседателот Ердоган за заеднички предизвици како имиграцијата. Сепак, меѓународното право е секогаш одлучувачко во нашите постапки. Одбраната на суверените права на Грција е обврска за секоја грчка влада. Денес, народот е обединет и се стекнува национално едногласност, посочи Мицотакис.
Comments are closed for this post.