Предвремените парламентарни избори во Грција поминаа со помала излезност во споредба со европските избори на 26 мај годинава. Сепак разликата е многу мала и изнесува помалку од еден отсто. Во Грција гласањето е задолжително.

Со пребројани 82 отсто од гласовите, учеството на днешните избори изнесува 57.8 отсто наспроти 58.69 отсто на евроизборите.

Во изминатите 10 години најголема излезност на парламентарни избори имаше во октомври 2010 година – 70,95 отсто, а најниска во септември 2015 – 56,16 отсто