Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, се очекува денеска да објави нови мерки насочени кон спречување нов пораст на инфицираните со Ковид-19, соопштија владини претставници.
Мицкотакис ќе ги соопшти мерките по консултација со здравството, откако вчера комисијата епидемиолози ѝ предложи на грчката Влада да воведе 30-дневен карактин во целата земја.
Грција пријави помалку случаи од повеќето европски земји, но бројот на заразени постепено се зголемува од почетокот на октомври, што ја натера владата повторно да воведе мерки, објави „Ројтерс“.
Според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 2.646 случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување од првиот случај во февруари.
Comments are closed for this post.