Грција ќе учествува во програмата на НАСА за освојување на Месечината и планира првиот грчки робот таму да го испрати во текот на 2022 година, соопшти ТАСС, повикувајќи се на соопштение на грчкото Министерство за дигитална политика, телекомуникации и информации.

Грчката вселенска организација и НАСА потпишаа декларација за соработка. Документот бил потпишан од извршниот директор грчката вселенска организација, Георгиео Манѕурис, и директорот на НАСА, Брандејнштајн, за време на меѓународниот вселенски симпозиум во Колорадо.

Во соопштението се наведува дека податоците и придобивките од работата на грчкото роботизирано превозно средство ќе бидат сопственост на Грција и ќе се користат од грчки универзитети и истражувачи.

Грчкиот министер за дигитална политика, телекомуникации и информации, Никос Папас, на церемонијата на потпишувањето на декларацијата изјавил дека учеството на Грција во програмата за освојување на Месечината ќе и овозможи на земјата се вброи меѓу малкуте држави, кои на Месечината испратиле свое сопствено превозно средство.