Српската православна црка ја поткопува независноста на Црна Гора. Од тие причини, ние треба да се спротивставиме со автокефалност на Црногорската православна црква.
Ова го изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за државната телевизија во Подгорица, РТЦГ. Тој вети дека „државата ќе се вклучи во разрешувањето на проблемот со автокефалноста на Црногорската православна црква“.
Пред неколку месеци Ѓукановиќ отворено ја обвини Српската православна црква и нејзиниот патријарх Иринеј за создавање тензии на Балканот. Коментарот на Ѓукаоновиќ уследи по изјавата на Иринеј во која тој ја изедначи „положбата на црквата во Црна Гора со таа за времето на турското ропство и за времето на фашизмот“.
Не сум изненаден од тоа што тој не го демантираше тоа свое тврдење. Тој уште еднаш докажа дека СПЦ е фронтмен на великосрпскиот шовинизам во регионот и во Црна Гора. Таа е ударната тупаница на идеолозите на Велика Србија и империјалистичките интереси на Русија на Балканот. Сето тоа треба внимателно да се следи од црногорската држава во претстојниот период, предупреди Мило Ѓукановиќ.
Според него, во моментов одново забревтала пропагандната машинерија во Белград против Црна Гора, како што се случуваше во почетокот на 90-тите години на минатиот век. Тоа, од една страна, е продуктивно поради преговорите меѓу Косово и Србија, и искористувањето на Србите во Црна Гора, од друга, смета црногорскиот претседател.
Comments are closed for this post.