Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, била позитивна на PCR тестот, соопштија од прес-службата на Министерството.

Од таму подвлекуваат дека таа е во добра општа состојба и оти работните обврски ќе ги извршува од својот дом.

За време на изолацијата ќе ја заменува заменик-министерот Петко Дојков.