Снегот го отежна сообраќајот на патиштата во Хрватска, а како што јавуваат тамошните медиуми се случиле и неколку сообраќајни несреќи поради намалената видливост.

Издадена е и забрана за движење на товарни возила и возила со приколки, а на остантите возачи им се препорачува да ја прилагодат брзината и да користат зимска опрема на автомобилите.

Хрватскиот автоклуб сподели и фотографии од камерите поставени на автопатите во Хрватска на кои се забележуваат обемни снежни наслаги.

Државниот хидромеоторолошки завод од Хрватска за утре издаде и портокалов аларм поради најавеното невреме.