Хрватска уште отсега се подготвува за летната сезона. Во потрага по работници дојдоа и во Македонија, велат од тамошната комора за угостители.
Покрај интерните рекламни кампањи преку социјалните мрежи, се обидуваме да придобиеме кандидати и преку виртуелни саеми за вработување организирани од специјализирани агенции за вработување. Со македонска агенција за вработување имаме квалитетна соработка долги години, а од следната година планираме да ги истражиме можностите за соработка со агенции кои вработуваат работници и други пазари на труд, велат оттаму.
Comments are closed for this post.