Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, тврди дека во Косово моментно работите не се одвиваат како што треба и дека одговорни за тоа се и власта и опозицијата.

Во интервју за „Епока е Ре“, Хоџај порача дека партиите од владејачката коалиција и опозицијата треба заеднички да работат на заокружување на процесот на државотворност и комплетирање на суверенитетот на земјата.

Вицепремиерот и поранешен шеф на косовската дипломатија, го истакна својот став дека приотет треба да бидат преговорите, а не предвремените избори и дека е крајно време за постигнување политички консензус за дијалогот со Србија.