Косовскиот премиер Харадинај вели дека нема намера да и отстапи ниту метар косовска земја на Србија ниту пак дека на тоа инсистираат еврпските власти.

-Меѓународната заедница не ни врши никаков притисок да на Србите им го препуштиме рудникот Трепча или пак Газивода. Тоа се косовски бисери  и никогаш нема да се откажеме.Тоа се наши ресурси и не даваме никој да ни ги земе, така би постапила секоја независна држава на светот. Се што е во границите на Косово е косовско.Не бараме нешто во Хрватска, Србија или во Македонија-објаснува премиерот.