Премиерот на Косово во оставка, Рамуш Харадинај присустувал на забава каде се пукало од огнено оружје. На видеото се гледа како човек пука од автоматска пушка АК-47.

Харадинај потврдува дека бил на свечноста во општина Дечани и оти со него биле неговиот брат Даут, но оти пукањето било дел од традицијата на Албанците.