Албанскиот боксер, Петрит Мазрекај, на крајот на август ќе боксува против Вељко Ражњатовиќ, син на Аркан, во професионален бокс меч.
Пред соочувањето, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, денеска во својата канцеларија го поздрави Мазрекај кого го мотивираше и му подари знаме на Албанија.
Денеска го пречекав боксерот Петрит Мазрекај, на кого му посакав успех на натпреварот кој му следи. Петрит има дух на спортист, но како Албанец има и дополнителен мотив да се соочи со тоа. За мотивација и евоцирање на нашиот пат кон слободата, му дадов национално знаме“, напиша Харадинај на Фејсбук.
Боксерот Петрит Мазрекај е од Косово, но живее и работи во Австрија.
Comments are closed for this post.