Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изнесе тешкии обвинувања на адреса на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. како што пишува “Блиц” според Харадинај Могерини го унииштила дијалогот Белград – Приштина. Според него после толку труд и залагање дошло до пореметување на односите.
Нејзиниот став за владата на Косово е неприфатлив. Госпоѓа Могерини го уништи дијалогот. Го поремети дијалогот чија цел беше нормализација на односите на Косово и Србија. Го претвори во дијалог за територии, граници и размена, а многу добро знаеме што тоа подразбира на Балканот, тоа е дестабилизација. Таа му нанесе штета на нашиот регион со тоа што дозволи да се водат вакви дискусии и таа да се изјаснува по тоа прашање., изјави премиерот на Косово.
Comments are closed for this post.