Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас побара отворање преговори за ченство во ЕУ со Абанија и со Македонија „во најскоро време“, јави Албаниан њуз.
„Мислам дека ЕУ има интереси во регионот“, рече германскиот министер во Хелсинки каде разговара со своите колеги од Унијата, а таму се и министрите од Западен Балкан во форматот познат како ГИМНИХ.
„Ова е важно за да се спречат другите да имаат влијание во регионот“, рече Мас отворено мислејќи на Русија и на Кина.
Мас денес истакна дека не е потребно двете земји да се оценуваат посебно, како што се предлага.
Comments are closed for this post.