Откако Италија ја нападна Грција од територијата на окупирана Албанија, Грција и објави војна на Албанија во октомври 1940 година. Иако Албанија и Грција потпишаа договор за пријателство во 1996 година, тие две членки на НАТО технички се уште се во војна, пишува „Дојче Веле“.
Според претставникот на грчкото МНР, грчката влада се согласила да стави крај на воената состојба уште во 1987 година, но грчкиот парламент никогаш не ја ратификувал таа одлука. Воената состојба долго време е извор на тензии меѓу двете земји.
Завршувањето на воената состојба е важно за Албанија, бидејќи може да ја отвори вратата за преговори за репарации за малцинството Чама. Тоа албанско малцинство долго живеело во денешниот северозападен грчки регион Епир. По Втората светска војна, Грција протерала и го конфискувала имотот на голем број муслимански Чами бидејќи наводно соработувале со окупаторите. По завршувањето на диктатурата во 1990-тите, Албанија бараше репарации од Грција, а етничката група Чами во Албанија се залага за правото да се врати во Грција. Досега нема успех-нагласува „Дојче Веле.
Comments are closed for this post.