Со спот во кој македонскиот премиер Зоран Заев се претвора во Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од партијата „Независни Грци“ прашуваат: Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?

Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту вие ниту децата, заради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик. И многу е важно што повеќе тоа никој нема да ни го оспорува, е делот од изјавата на Заев од 6 декември 2018 искористена во спотот на Независни Грци, а потоа следи пораката: „Александар Велики не може да зборува. Ќе го оставиме Заев да зборува во негово име“ – стои во спотот.