Грција по ратификувањето на Преспанскиот договор „игра во македонски ритам“, пишува „То вима“ во анализа на анкетите кои се барометар пред изборите за европскиот парламент и локалните избори. Во анализата се истакнува дека Максимус (седиштето на владата) е во паника, а за премиерот Алексис Ципрас и неговата СИРИЗА се особено индикативни резултатите од северна Грција.
До колку грчките гласачи се определат да гласаат за партија која ќе им го подобри секојдневниот живот (во моментов тој процент изнесува 47), во тој случај Ципрас има некакви шанси на изборите.
Но, кога ќе се постави прашањето за Преспанскиот договор, тука веќе резултатите се катастрофални за владата и земјата игра „во македонски ритам“.
Во истражувањето на кое се повикува „То вима“ дури 95,5 проценти од анкетираните рекле дека нема да гласаат за партија која го поддржала Преспанскиот договор. Од друга страна, цели 71 процент рекле дека Грција нема интерес од Преспанскиот договор. Ова одбивање на договорот е особено изразено во северна Грција, каде најверојатно Ципрас ќе се фокусира во наредната кампања.
Цената на двојната игра веќе ја плати Панос Каменос, лидерот на АНЕЛ, чија партија е речиси комплетно демолирана, а ја изгуби својата база токму во северна Грција. Тој во моментов нема поддршка ниту од 1 процент.
Comments are closed for this post.