Портпаролката на руското министерство за надворешни работи , Марија Захарова, на прес конференција во Москва не сакаше да прими подарок од страна на новинар од Бугарија.

Тој сакаше да и подари бугарско сирење откако иронично искоментира дека во Русија владее глад.

Претходно и украинските власти искоментираа дека во Русија нема што да се јаде и дека нема нормално сирење.

Марија понудата на новинарот ја разбра како цинизам и не сакаше да го прими подарокот.