Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес во 18.30 ќе оди во претседателската палата за да побара од претседателот Прокопис Павлопулос да го распушти парламентот и да повика на предвремени парламентарни избори
Но, Ципрас не оди со полупразни раце на средбата – со себе го носи и пакетот на надежта со намера по дебаклот на европските избори да спаси тоа што може последно да се спаси.
Неговата средба со претседателот на Хеленската држава доцни една недела, па затоа и датумот за предвремените избори е пролонгиран за 7 јули.
Од друга страна, јавноста реагира на потезите на премиерот кој се обидува да именува ново раководство во Врховниот суд, наведувајќи дека политичарот „кој катастрофално ги загубил европските избори нема легитимитет да избира петмина во лидерство на Врховниот суд“.
По средбата со Павлопулос, Ципрас во 20 часот се очекува да го објави својот изборен пакет за наредните 4 години, кој содржи:500.000 нови вработувања, притоа се става акцент на младите и на жените, зголемување на минималната плата, поттикнување на отворање нови работни места. Програматае фокусирана на јакнење на средната класа кја беше најпогодена во периодот на мерите за штедење.
Инаку во анкетите опозициската Нова демократија на Мицотакис води со речиси 10 проценти пред Сириза на Ципрас.
Comments are closed for this post.