Излезот е само еден-Бугарија под итно да го прекине своето учество во комисијата и следејќи го примерот на Грција да постави свои услови за членството на Скопје во ЕУ. Додека се уште имаме можности да поставуваме услови.

Ова е заклучокот на Велизар Енчев, поранешен бугарски амбасадор во Загреб, во денешниот текст во „Факти“ насловен како „Бугарија итно да го прекине учеството во комисијата со Македонија“. Мислењето на Енчев е, всушност, одговор на реакцијата на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов по минатонеделната средба на мешовитата бугарско-македонска комисија за прашањата за историјата и учебниците на која, меѓу другото, стана збор и за заедничкото чествување на Гоце Делчев.

Според Енчев, тргувањето со националните интереси не е од вчера, но кога трговците се владејачки партии, кои претендираат на монопол врз патриотизмот, тогаш, како што вели, штетите се тешки, а понекогаш и нпоправливи.

Отвореното писмо на ВМРО, со кое се критикува работата на Мешовитата комисија за заедничката историја со Северна Македонија, е уникатен случај на префрлање на сопствената политичка одговорност врз нашиот западен сосед, вели Енчев.

Наспроти тоа што веќе втора година историчари и дипломати едногласно предупредуваат на подводните камења во договорот за пријателство со Република Македонија, нагласува тој, министри во владата на ГЕРБ и Обединетите патриоти ги обвинуваат за национален нихилизам и отсуство на државничко размислување.

Најгласниот адвокат на договорот со кој еднострано и безусловно ги признавме измислените во Белград  „македонска нација, јазик и историја“, беше лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов. Во функција на министер за одбрана, тој не само што го поддржа договорот, туку и го критикуваше секој кој ќе се дрзнеше да праша зошто токму ВМРО ги предаде бугарските интереси во Вардарска Македонија. Македонија, заради која десетици илјади Бугари пролеаја своја крв, а царството Бугарија претрпе две национални катастрофи, пишува Енчев.

Според ВМРО, комисијата заглавила околу животот и делото на Гоце Делчев,а скопската страна, пишува ој, откажала да го признае очигледниот, документиран и признаен од самиот Гоце факт дека војводата е Бугарин според националноста. Ако тоа продолжи, дециден е Енчев, преговорите се бесмислени.

Желбата на ВМРО да им се допадне на НАТО и ЕУ, без да се води сметка за историската вистина, е главната причина за потпишувањето на бугарско-македонскиот договор на 1 август 2017 година, со кој капитулиравме пред македонизмот, пишува поранешниот бугарски амбасадор во Загреб.

Парадоксално во случајо, според него, е тоа што ниту НАТО. ниту ЕУ барале од Софија да го потпише незгодниот за Бугарија договор. Евроатлантските структури, оценува тој, настојуваа само да не го следиме примерот на Грција и да не ставаме вето на членството на Македонија во НАТО поради жлбата на Брисел и Вашингтон, Скопје форсирано да влезе во Аеверноатлантскиот пакт.

И пред две години и сега е повеќе од јасно-додека влезе во НАТО и добие покана за членство во ЕУ, Скопје ќе имитира активност во комисијата за заедничката историја. Потоа ќе се обноват старите претензии кон нашата историја, зашто веќе нема да имаме механизам за блокирање на евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија, вели Енчев.

Зашто тогаш, прашува тој, Софија избрза со потпишувањето на договорот?  И поставува други прашања-зошто со нарушување на сите принципи на мѓународното право, прво дадовме согласност за членство на Македонија во НАТО, а потоа започнавме преговори за заедничката историја, зошто воопшто се согласивме да постои таква комисија, во која од македонска страна с идеолозите на антибугарскио македонизам?