Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, по покана од неговиот колега Мило Ѓукановиќ, од денеска е во официјална, дводневна посета на Црна Гора, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалната програма, претпладнево грчкиот претседател, ќе биде примен од Ѓукановиќ, по што ќе следи и работен ручек, а потоа предвидени се средби со претседателот на црногорскиот Парламент.

Во вечерните часови премиерот Душко Марковиќ ќе приреди работна вечера во чест на Павлопулос.

Утре, грчкиот претседател ќе го посети Правниот факултет на Универзитетот на Црна Гора и ќе одржи предавање на тема „Владеењето на правото и европско обединување.