Над 100 милиони евра е тежок најголемиот корпоративен скандал во Грција во кој се вмешани извршни директори на „Џамбо“ и на Националната банка, објавија повеќе грчки медиуми. Веќе падна и првата жртва на скандалот кој допрва ќе се расчистува – заменик диркторот на „Џамбо“ Еванегелос Папавангелос си поднел оставка, преку кога сега топ директорите на компанијата, која оперира и во Скопје, си ги перат рацете.
Се претпоставува дека групата била добро организирана и тие работеле со контрола на кинески капитал.
Скандалот е откриен преку невообичаени трансакции, кои на прв поглед изгледале мали по 10.000 или 20.000 евра, но на крај се се претвора во огромен балон тежок околу 100 милиони евра испрани пари и злоупотреба на пазарот на капитални вредности.
Точната сума на оваа измама ќе се објави по ревизијата на Банката на Грција, а аферата е уште потешка ако се земе предвид дека зад неа се и Европската централна банка и европските принципи.
Според весникот Economistas.gr, поранешниот заменик директор Папавангелос набавил кредитни картички од ПОС, Банката на Пиреја и Еуробанк преку кои негови богати клиенти од Кина купувале недвижнини во Грција. Така преку банката ПОС биле направени неколку илјади сомнителни трансакции по 10.000 – 20.000 евра така што не биле фатени од кинеските власти. Притоа „Џамбо“ ја намалувал вредноста на имотите, а разликата во цената оделе на банкарски сметки. Така на пример ако стан во Атина чинел 250.000 евра, се правеле десетина трансакции и на крај се доаѓало до сума од 400.000 евра, од кои 150.000 оделе како депозит на банкарска сметка, пишува грчки Економист.
Comments are closed for this post.