Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, откри алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, jави дописничката на МИА од Атина.

Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада, го следи проведувањето на овој договор, рече Варвициотис во интервјуто.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција додаде дека Договорот од Преспа е договор кој „не одговори на стандардите, на националните стандарди“ на грчката страна и објасни дека тие како влада, сега се справуваат со последиците, односно управуваат со спроведувањето на договорот и со „прашањето поврзано со грчките производи што го носат називот Македонија“.