Грчката полиција рано утрово спроведе нова акција во два објекти кои беа под опсада од 2016 година, во атинската населба Егзархија, и пронајде 34 лица сите странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.
Во првиот објект биле пронајдени 33 лица, 16 мажи, девет жени и осум деца, а во вториот само еден странски државјанин.
Како што соопштуваат од грчката полиција, сите 34 лица биле одведени во Дирекцијата за странци за дополнителна проверка на нивните документи
Comments are closed for this post.