Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ, поднесе оставка поради, како што рече, дискриминаторската политика на Приштина насочена против српскиот народ.

Ракиќ истакна дека оставката ја поднесува поради таксите од 100 отсто што предизвикаа децата на сверот од Косово да немаат храна и услови за нормален живот, поради упадите на РОСУ и поради обидот за убиство на потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ.

Собранието на општината Митровица донесе Декларација за прекинување на комуникациите со приштинските власти, јави Танјуг.

Според директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во текот на денот оставки ќе поднесат градоначалниците и на останатите српски општини.