Очекувам коалицискиот совет да го следи консензусот и мислењето што го постигна Консултативниот совет за национална бебедност во јануари, да го брани бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство, кои се базираат многу прецизно на човековите права и недискриминација. Ако сето ова се случи, ќе и помогнеме на Македонија постојано да го следи овој пат, изјави бугарскиот претседател
Претседателот Румен Радев очекува Коалициски совет вечерва да ги следи одлуките што ги донесе Консултативниот совет за национална безбедност во јануари во однос на Македонија.
„Средбите не се толку важни, важни се резултатите. Очекувам коалицискиот совет вечерва да го следи консензусот и мислењето што го постигна Консултативниот совет за национална бебедност во јануари, да го брани бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство, кои се базираат многу прецизно на човековите права и недискриминација. Ако сето ова се случи, ќе и помогнеме на Македонија постојано да го следи овој пат“,
изјави Радев на новинарите.
На прашањето, какви се ставовите на Владата заМакедонија пред средбата, Радев рече дека фокусот на владата на надворешната политика не може да ги реши внатрешните проблеми на земјата.
„Очекувам овој стремеж и енергија, која се инвестира во решавање на проблемите со РСМ на нејзиниот пат кон Европа, да се примени не помалку и на проблемите на бугарските граѓани. Како што гледаме, тие растат – сиромаштија, алармантна инфлација, ова, што се случува во енергетскиот сектор, парното греење. Очекувам таму да се насочи вниманието“,
Ставот на Радев пак останува непроменет – почетокот на преговорите да не се врзува со рокови, туку со резултати, особено во однос на правата на Бугарите во РСМ.
„Гледате дека досега слушнавме многу, многу гаранции“,
Comments are closed for this post.