Европската унија може и мора повторно да го повлече Западен Балкан напред, бидејќи другите земји нема да чекаат со скрстени раце, изјави во интервју за „Гласот на Америка“ претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Тој додава дека Европската унија е локомотивата на европскиот континент и дека таа како секоја локомотива е одговорна за придвижување и стабилност на секој, вклучително и последниот вагон.
Ако Западен Балкан денеска е последниот вагон на европската унија, тогаш се подразбира дека ЕУ е таа која ќе даде конкретен придонес Западен Балкан што побрзо го надмине тој јаз на историско заостанување и да фати логично, природно приклучување со современа Европа“, изјави Ѓукановиќ за Гласот на Америка.
Прашан какви се односите на Црна Гора и Србија, Ѓукановиќ вели дека во текот на последната деценија имале многу различни искуства.
Сега надминуваме една етапа, каде се, благодарејќи на некои околности, повратени некои критички тонови од еден дел од политичката и медиумска јавност на Белград кон Црна Гора. Националниот интерес на Црна Гора е стабилност во односите со сите соседи и држави во регионот“, заклучува претседателот Мило Ѓукановиќ.
Toj не стравува од ново насилство на Балканот, но предупредува дека, имајќи ја предвид историјата на регионот, не смее да се дозволи процесот на интеграција да тргне надолу. Смета дека е неопходно Белград и Приштина да продолжат со дијалогот и верува во консензус на меѓунароната заедница во контекст на конечно решение на односите меѓу двете страни.
Comments are closed for this post.