Грчките медиуми одново почнаа кампања против Бугари, кои издаваат под наем домови на Халкидики без да плаќаат даноци. Се очекува интервенција на финансиската полиција за разбивање на шемата, јавуваат бугарските медиуми.
Бугари и Срби одново издаваат апартмани под наем на Халкидики, без да плаќаат даноци, известува во опширен текст весникот „Етнос“.
Шемата е стара со години, но веќе ги опфаќа сите реони на Халкидики, изјави Димитрис Хадалис, претседател на сопствениците на мали хотели и изнајмувачи на апартмани.
Грците инсистираат на масовни проверки на странците. Од финансиската полиција ветуваат дека ќе испратат прикриени свои службеници за да ги прекинат нелегалните активности на Бугарите. Тие се жалат дека системот е добро организиран. Срби и Бугари сосема законски закупуваат мали апартмани на Халкидики, што на туристите им ги изнајмуваат за 30 евра од вечер, додека кај Грците сумата е многу повисока, зашто плаќаат данок.
Има и посредници, кои наоѓаат клиенти преку реклами во локални весници од сите приодни места на Халкидики. Дури и на плажите нудат соби под наем.
Грците стравуваат официјално да ја информираат полицијата, зашто веќе има неколку случаи на запалени хотели на сопственици, кои се одлучиле на таков чекор.
Comments are closed for this post.