ГЕРБ ќе го предложат Даниел Митов за нов премиер, потврдиле партиски извори за софиски „24 часа“.

Претходно Бојко Борисов изјави дека тој нема да биде кандидат за премиер и оти ќе предложат човек со јасна проевропска и про-НАТО-вска ориентација.

Токму Митов, кој во Министерството за надворешни работи влезе како човек на Реформаторскиот блок, како министер поддржуваше таква ориентација.

Даниел Митов на 6 август 2014 година беше предложен од тогашниот претседател Росен Плевнелиев за министер за надворешни работи во техничката влада на Георги Близнашки. Својата позиција како заменик министер ја задржа и во вториот кабинет на Борисов, а притоа му се приклучи на ГЕРБ и стана пратеник од неговите редови на последните парламентарни избори.