Maјката Миљана секоја недела испраќа пакет до Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде нејзиниот син Коста Кецмановиќ е хоспитализиран,

Мајката на Коста не се откажува од неговото образование и по злосторството што го направил, па секоја недела му испраќа пакет со книги за на училиште.

– Еднаш неделно Коста добива големо пакетче, а во него секогаш стои истото – книги за училиште. Миљана му праќа се што треба за да ги следи онлајн часовите, не прескокнува ниту една недела. Како да не размислува зошто е на клиника, што направил, колку животи одзел, важно и е само што подобро да заврши осмо одделение, да ги добие најдобрите можни оценки. Нејзината амбиција тој да биде најдобар е болна -пишува „Република.рс“.