По веста за смртта на долгогодишниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, Градската управа на Загреб одлучи на специфичен начин да се збогува со првиот човек на градот. Во 18 часот, на улицата „Хрватске братске заједнице“ во Загреб, светлата на фонтаните беа вклучени, јасно нагласувајќи ја фигурата на починатиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ.

Бандиќ, покрај тоа што бил препознатлив по многу добри и лоши работи за време на неговото владеење во Загреб, жителите на хрватската престолнина го запамтија особено по инсистирањето на изградба на вакви фонтани низ целиот град.

Фонтаните на улицата „Хрватске братске заједнице“ биле изградени во две фази, од јуни 2012 до јули 2016 година, а по нивната изградба, Бандиќ истакнал дека е горд на овој проект. Исто така, поради фасцинацијата на Бандиќ со ваквите проекти, многу граѓани ги нарекоа фонтаните „фонтани на Бандиќ“.

Што се однесува до мене, сите фонтани нека се викаат Бандиќ. Но, фонтаните во Загреб се најубави. Рим има 224 фонтани, кога ние ќе го стигнеме Рим? Имаме седум, осум фонтани. Ние сме четирипати помали од Рим, па затоа треба да имаме педесетина фонтани , рече Бандиќ во 2016 година по завршувањето на еден од „проект-фонтаните“

На зградата на градската управа во Загреб било поставено црно знаме, а знамињата на Република Хрватска и на градот Загреб биле спуштени на половина копје.

Граѓаните палат лампиони на скалите на Градската управа. Тие стоеле во ред и чекале градскиот службеник да ги пушти во зградата на Градската управа за да се запишат во Книгата на жалост и со тоа да се збогуваат од градоначалникот Бандиќ.