Предметот против лидерите на УЧК во судот во Хаг ќе биде оформен до крајот на годината, најави судијата Николас Гију.

Имам намера да го поднесам предметот пред судскиот совет пред крајот на годината. Имам намера да одлучувам за барањата кои досега ми беа доставени на разгледување, но не и за неитните барања што странките ќе ги поднесуваат од денеска до донесување на пресудата, за да не се одолговлекува постапката – изјави Гиу.

Како сведоци во одбраната на Хашим Тачи ќе бидат поранешниот командант на силите на НАТО за Европа Весли Кларк, поранешниот шеф на УНМИК Бернард Кушнер и поранешниот шеф на мониторингот на ОБСЕ мисијата на Косово и Метохија Вилијам Вокер.