Според извори на Бугарското национално радио (БНР), финансирањето што Бугарија очекува да го добие според Планот за закрепнување и отпорност ќе биде поврзано со позицијата на земјата во случајот со Македонија. Слични пораки веќе се пренесени и на средбата на претставникот на француската влада со пратеничките групи на владејачката коалиција.
Во моментов во тек се подготовките за посетата на премиерот Кирил Петков на Франција, каде пред крајот на француското европско претседателство ќе се сретне со Емануел Макрон. И покрај првичната идеја на средбата со францускиот претседател да присуствува и Румен Радев, шефот на бугарската држава денеска изјави дека нема услови за негова посета на Париз бидејќи не е постигнат напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје.
Comments are closed for this post.