Поради дојава за поставена бомба, евакуирана е зградата на „Слободна Далмација“. Се јавил непознат човек и изјавил дека на “Слободна Далмација„ лошо и се пишува и дека за половина час треба да ја напуштат зградата.

Евакуацијата е извршена околу 12 часот откако непознатото  машко лице пријавило на редакциски телефон дека е поставена експлозивна направа во објектот, поради што полицијата била повикана.

Полицијата се наоѓа во зградата и врши претрес, јавија хрватски медиуми.