Планот на известувачот на Комисијата за надворешна политика и на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, Дејвид Мекалистер е дека разговорите меѓу власта и опозицијата ќе се одвиваат во две фази, се вели во писмото на Мекалистер до претседателот на Собранието, Маја Гојковиќ.
Во писмото во кое весникот „Данас“ имале увид, се истакнува дека прво ќе се организираат низа тркалезни маси во Собранието, со копретседавач – Маја Гојковиќ и претставник на ЕП, а освен парламентарните партии во дијалогот не се исклучува учество на експерти, како од ОБСЕ.
Темите на дискусијата би биле изборните услови, избирачките списоци, финансирањето на кампањата, набљудувачи, додека втората фаза од дијалогот ќе се одвива по изборите со фокус на меѓупартиски дијалог и градење доверба во процедури и практики, објави весникот „Данас“.
Comments are closed for this post.