Стигна одговорот од Брисел на обвинувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ЕУ не го исполнува договорено по прашањето за сириските бгеалци.
Наташа Берто, портпаролка на ЕК изјави дека и Унијата и Турција го почитуваат договорот за бегалците и оти „двете страни остануваат посветени на спроведување на договореното“.
Таа притоа повтори дека ЕУ до сега на Турција и дала 5,6 милијарди евра како помош и поддршка за справување со бегалците и оти останува уште да се исплатат 400 милиони, односно да се оствари договорената помош од 6 милијарди евра.
Претседателот Ердоган вчера рече дека ЕУ не ги исполнува договорените обврски спрема сириските бегалци и се закани дека заради тоа е можно Турција да ги отвори вратите за нив и тие да тргнат кон Европа.
Comments are closed for this post.