Во подгоричкиот суд утрово експлодирала бомба.
Неофицијално има загинати и повредени, пренесува РТЦГ, не прецизирајќи за колку лица станува збор.
Црногорскиот весник „Дан“ пишува дека починало едно лице.
Според првите информации од полицијата, едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот. Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.
Comments are closed for this post.