Пет лица се идентификувани како членови на групата која упадна во златара во центарот на Атина, а Србин и Грк се уапсени и обвинети за организиран криминал, разбојништво, тешка кражба со соучесништво, како и кршење на законот за оружје

Крадецот С.П. (63) кој се преправал дека е муштерија за да им помогне на своите соучесници да упаднат во продавницата

Организацијата беше структурирана во рамките на транснационални криминални групи и организации на балканскиот организиран криминал, меѓу кои видно место заземаат “Пинк Пантерите“.

Членовите на споменатата група ја набавиле потребната опрема и тоа пушки, чекан и маски и заедно решиле да извршат разбојништво во златарница, како и кражба на моторите кои биле користени при грабежот.

– За да го отежнат лоцирањето и поврзувањето со криминалните дела, тројца Срби влегле на територијата на Грција и таму останале за време на грабежот, а веднаш по кражбата си заминале. Освен тоа, неколку дена престојувале во стан под кирија во Атина, кој бил користен како „база“ за членовите на организацијата.