Премиерот на Албанија синоќа беше „соборен“, но само симболично. Приврзаниците на опозицијата го урнаа синоќа за време на протестот, споменикот на Еди Рама поставен пред парламентот и на тој начин на симболичен начин покажаа дека неговото владеење е поминато.

Инаку, протестот на Демокртаската партија и другите помали опозициски партии помина мирно и траеше точно два часа коплку што дозволи претходно полицијата.

„Албанија е слободна земја. Ова треба да се чуе во Лондон, Вашингтон, Париз, во Брисел, европска Албанија е слободна во очите на светот“, рече лидерот на ДП, Љуљзим Баша.

Тој порача дека до 30 јуни, за кого се закажани локалните избори, а кои со указ ги одложи претседателот, секој ден ќе се одржуваат протести.

Баша кажа дека со Рама не може да постигне никаков договор, откако премиерот претходно порача дека избори ќе се спроведат на територијата на цела Албанија.