Откако албанската полиција уби Грк, кој отворил оган на полицајците кои го симнувале грчкото знаме од гробиштата од Втората светска војна во селото Буларат, и по повикот на грчкото Министерство за надворешни работи до албанските власти „да обезбедат целосно разјаснување“ со коментар се огласи албанскиот премиер Еди Рама.

Тој на својот твитер профил, жртвата (етнички Грк) ја опишува како „луд човек“, а дека албанската полиција „само ја вршела својата работа“.


Драги соседи! Наместо да го опишувате како неприфатлив инцидентот во кој е изгубен животот на луд човек кој отвори оган на нашата полиција, која само ја извршуваше својата работа, да му се заблагодариме на Бога дека ниеден невин живот не е изгубен поради екстремистичкото лудило, напиша Рама на Твитер.

Инцидентот се случил во селото Буларат (Вуљаратес, на грчки) каде што живее поголема грчка заедница во текот на одбележувањето на влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година.

Гркот идентификуван како Константинос Кацифас истакнал грчко знаме на грчките воени гробишта, коешто наскоро го симнале албанските полицајци. Потоа Гркот отворил оган од автоматска пушка „калашников“, а потоа Кацифас избегал во шумата во близина. Полицајците успеале да го стигнат по што почнала престрелката во која тој бил убиен.