Еден работник загина, а двајца други се водат како исчезнати, при експлозија во хидроцентралата „Дубровник“ во близина на хрватското место Плат.

При експлозијата, по која во хидроцентралата избувнал и пожар, се повредени шестмина работници.

Причината за експлозијата засега не е позната.

Акцијата за потрага по исчезнатите работници, во која се вклучени и нуркачи, продолжува.