39 годишен Србин прво физички ја нападнал неговата поранешна сопруга, а потоа со пиштол го ранил синот. Семејната драма се одвивала во грчкото летувалиште Ханиоти. Сопружниците случајно летувале на исто место.

Како што јавуваат српските медиуми сопругата и синот случајно налетале на сопругот. Започнала расправија по што се случил нападот. Наводно таткото прво го удрил 21 годишното момче со пиштол во главата, а потоа го затрелал во ногата.

Момчето со прострелна рана било хоспитализирано во болница во Полигирос.